непобитен прид.

непобитен (прид.)

Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти си замисли дека си видел парче хартија кое непобитно ја докажувало нивната невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, имајќи доволно и непобитни докази, Високата Порта решила да организира судење на кое требало да му позавидат и судовите со вековна демократска традиција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Инаетот често има и одмаздничко својство, ирационално спротивставување на очигледни и непобитни факти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)