неотровен прид.

неотровен (прид.)

Знаат, бездруго, дека ќе го закопам во мракот на визбата и знаат дека над него ќе одгледувам габи, од оние неотровни, беломесести, сочни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беревме печурки неотровни, дождот косеше накосо, палевме оган во заветнина, печевме колбаси неотровни.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Потем погледна во записот на карпата и рече: „Писмото е слатка, но смртоносна работа, како и медот и виното, и другите неотровни сластија, ако во неумерени количества се земаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А човекот оној беше трговец со две нешта, оти само две нешта видов на тезгата негова на пазарот: пајаци во разни големини и од сорти разни: страшни и отровни, нестрашни а отровни, страшни а неотровни, нестрашни и неотровни; и, клучеви многубројни, златни, за непознати клучалници.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)