неопислив прид.

неопислив (прид.)

Инаку и тој, и добитокот и кучињата би се чувствувале како заробеници на ова за очи чудесно убаво, неописливо убаво бело зло.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неопислива е оваа леснина што ја чуствувам. Се чуствувам така што...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Толку сум исцрпен и измачен од некоја неопислива мачнина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Неописливо тажен момент, и ефектот што го имаше на мене беше убиствен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Незабележително, нѐ опфати уверувањето дека неописливите мистерии вредат да бидат изразени со посветени чинови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еуфоријата што ме опфати беше неопислива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Светот можеби навистина е непретставлив и неопислив, но е пресметлив.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Целиот град затрепери. Паниката беше ужасна, неопислива.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Болката беше огромна. Неописливо голема.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа со врвот од јазикот го преземав и го прилепував на непцето, па го размазнував и со неопишлива сласт полека го голтав, држејќи ги очите што подолго затворени зашто така ми се чинеше дека насладата подолго ќе трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Денес, на заминување од Маврово, почуваствував една неопислива тага, секое камче таму потсетува на тебе, секоја тревичка, дрво, клупа, подрумот…, ми падна толку тешко на душата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Каква е таа невозможна и неопислива комбинација на безгрижна-самозаљубеност, отуѓена- загриженост и асоцијална- прогресија? Со еден збор, анализа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во тој момент неопислива топлина ѝ го облеа телото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)