ненапишан прид.

ненапишан (прид.)

„Да се биде“ и кога „никој не ме гледа“ е местото на светотот прибежиште во кое поетот го „кове“ заговорот кон своите ненапишани песни.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Бидејќи ние знаеме дека е книгата истовремено напишана и ненапишана, со белези на дамнина, претпоставуваме дека Рибоокиот или сака да ја украде книгата која од дамнина постои, или да го спречи појавувањето на книгата за дамнината, која допрва ќе настане, или обете нешто наеднаш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како и да е, додека го вадат од водата, од него ќе испадне „бакарната книга“ испишана со „непознати букви“, и тогаш , со еден странски восклик („о, возљубени читатели“) искорнатото срце на авторот пак ќе зачука во градите, и тој со „ангелска леснина“ ќе летне „кон својата татковина, кон дома“, со книгата можеби напишана а можеби ненапишана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Навистина глупава ноќ! - Темна ѕвезда на вистината на светлата страна на ноќта! - реков, како да читам наслов на ненапишана приказна за изминатата ноќ!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како ги раскажувам соништата и кому Клошарите со посвета Предметите по употребата и мислите, Соблекување или почеток на разговорот и другите ненапишани песни одрани налик на волот на Рембрант крвта остава силен впечаток, нели има боја, вкус и позадина нели има свој пулс, своја група, свое месо станува естетски предмет или вода потаен жар се од нив ми гори под нозете.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
5 Згора на сѐ, вработените – кои дотогаш земаа плата од околу 13.000 МКД, вон сите стандарди на добро деловно однесување и надвор од законот, практично беа присилени да потпишат бланко договори за вработување (!?) – по што отпосле, од страна на работодавачот, беше напишана сума од само 10.000 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога имаат молив немаат тефтерче и така уште ненапишано го забораваат токму она што не е за заборавање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)