немее несв.

немее (несв.)

Немеа - туку петлите в селото веднаш писнаа - самовилите в горите с делии в раци лиснаа!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Делии глави веднеа, немеа самовилите - тешко на тија, горко им така што гинат на војна!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Немее пустиот простор по врбата што зјае.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Велат: Тука немејте, тихувајте, Ништо не зборувајте, Ништо не велите Тука само сонувајте По небо молку патувајте- Тука летаат и пеат Ангелите. Штип, црквата „Успение на Пресвета Богородица“, одамна
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да те најдам, изгубен мој да завиваш од радост да немеам од чудо. од што ќе одекне мојот молк планините да се огласат ем да ечат, ем да квичат да не би да се откажеме од нив!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Врз мракот падна уште една ноќ и в тој цвет темен затворено сѐ е под јазикот на молкот немее Сал ти си буден од бдеење болен но песната ја нема и ја нема во несоницата на тие долги дни Ја нема таа месечина јасна под тие клепки седело да свие молчењето да ти го осветли И така кроце часовите венат како што вене виење на волк и липтежот на ветрот како вене
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Си одбрав век за самување Крај пренатрупани куфери За заминување Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)