немарен прид.

немарен (прид.)

Како да беше закован за земјата, зад нас стоеше висок младич, со немарно префрлено палто преку едното рамо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Како сакаш! - немарно рече Бојан и продолжи да се плиска, да фрчи и да ги трие своите веќе зацрвенети гради: - Ќе ти покажам нешто, - рече откако се исплиска и почна да се брише со кошулата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
СИВИЌ: Да. Доста немарно. Морав и јас да ги проверувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од морето надоаѓаше благ, солен ветрец. Го допираше како перничињата на нејзините прсти, немарно, но вешто.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Седеше тука разочаран, ниту малку подобар од летен чадор против сонце, зелен и отфрлен, напуштен од немарните излетници кои понекогаш бараа засолниште во неговата проѕирна сенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гледаш ли што направи твојата кретенска немарност! твојата имбецилна заслепеност...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се врати назад во својот бокс, седна, го фрли парчето хартија немарно меѓу другите хартии на масата, ги стави очилата и го привлече говорпишувачот кон себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа еден лек и немарен начин на надмошност, што и пријател му како самиот да го бараше: како од устата на друг човек да ги слуша своите сопствени внатрешни слатко-пакосни потфрлања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И покрај немарниот однос кон претходните контролни прегледи, Сотир Паскали не сакаше да помисли на најлошото: Климент Камилски да не дојде на операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко мигум замолчи. Продолжи да ја прелистува немарно книгата на Леон Каин Хасан Јаничарот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)