нели (сврз.)

Радоста од Силјана се свртела на преголема жал и плач и тогај дури се уверил оти штрк ќе си биде и штрк ќе си умре. – "Ех, кој не слуша татко и мајка, си рекол сам со себе, клетвата го фаќа, нели ме донесе Господ на мојот вилает, не ни е толку жал, чунки овде ќе си умрам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
КАТА: Што ти знам јас од каде и од како. Нели ги бричат...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Течи ми водо студена! Течи си — рони брегови! Течи - и нам низ срцето нели и крвта ни тече?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А Пане држи токму такви прстење какви што носат мариовките — жолти, од туч, се разбира, но нели се жолти, најблиски се до златото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата по цел ден јадат тиква, семки, и не се знае кој повеќе е обркан, крмнакот или тие. Туку нели им е слатка, ако се обркани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нели се на Дика, оној од селото преку Пелистер.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Та нели, и кога грешеле, и кога биле прави – заедно биле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нели велиш да се предадеме, еве, нека биде на вашето, само – бесата бес! – и почна да чкрапа клучот на портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нели си среќен, Драгане?! Кажи ми! Јас толку сум среќна!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што има? Нели наредив никој да не доаѓа?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не грижете се, нели ви дадов чесен збор!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И нели кучињата постојано навечер се дерат по некого? Да!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Па нели цело време само гледаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти ме изгледа, ти ме израни, шо ќе речиш ти, тоа нека биде. Јас твојот лаф не го газа, нели знајш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како било, нели жив ми се врати човекот, петпари не давам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нели си родено женско - колнато си.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
О, господе, можеби сега тие имаа други имиња, други знаци, можеби тие сега беа Унгарци, Руси, Полјаци, Французи, Чеси, Германци, им го кажувавме прекрасниот сон за родниот крај, каде беше тој, нели си спомнувавте, имаше еден рид, еден рид со сонце изутрина, па потоа една мала рекичка, оттаму реката пак се протегаше шума, една сребрена, една златна шума и небото над неа исто такво, нели...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
— Па, нели е болен, вели Барџотис.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молчи, нели сме живи, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе