некадарен прид.

некадарен (прид.)

Но бидејќи зима и бидејќи неуки и некадарни за вакви големи потфати, место преку граница, беше слегле во нашите места, кај бројлинските падини до езерото, сосема измрзнати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Мажи во одминати години, некадарни да носат пушки, ама со нарамени лопати, одат долж колоната, ги собираат оладените.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако имам да кажам понекој неблагонаклонет збор за нивниот обид, можам само да сочувствувам со тоа нивно чувство на некадарност, со посраменоста зашто не успеале да ги исполнат очекувањата што си задале да ги подгреваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)