неисправен прид.

неисправен (прид.)

Застој, велам, неисправна капсула или нечистотија околу ударната игла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
njetwork - неисправна или расипана компјутерска мрежа
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас, од своја страна, откако го испитав ова средство во практиката, можам да засведочам дека сосема неодамна, деновиве, благодарение на истото, ги разоткрив неисправностите во службата на началникот на полицијата и заради тоа, го отстранив од должноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа би изгледало дури по малку неисправно, како опасна ексцентричност, како да зборува сам со себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На врвот на јазикот му беше да каже „ Со исклучок на проловите“, но се пресече, зашто не беше сосем сигурен дали таа забелешка не е на некој начин неисправна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да биде далеку, дури само и за миг, од развревената толпа, кај неа создаваше чувство дека прави нешто неисправно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
107 За време на патувањето Кларк имал проблеми со воспоставувањето радиоврска со Каиро поради неисправни батерии. Ibidem. 108 Ibid.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Второ: Посебна порака испраќаме до сообраќајните органи, да не дозволуваат и натаму по скопските улици да се движат неисправни моторни возила, кои во сегашни услови се најголеми загадувачи со олово и јаглен моноксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)