неидентификуван прид.

неидентификуван (прид.)

Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Процедурата за идентификување на специфичните таблети е комплицирана, но лаборато­рискиот извештај е првиот најважен чекор, и додека Херман ги става во кеса и ги обележува двете неидентификувани таблети, нивниот сопственик седнува до мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во кутрата Луда Мара се влеваат две фекалии од градската канализација, во неа ѓубре фрлаат неидентификувани лица (Доаѓаат ли од друга планета, па се неидентификувани?) па таа станала грда депонија сред градот, па дури и се заканува со ширење на заразни болести.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Неидентификуваниот ги зеде списите од Татковите раце. Ги прелистуваше грубо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Истакнувајќи го значењето на забелешките на Монахот, професорот посебно инсистираше на објаснувањето дека неидентификуваниот старец понекогаш преседувал цели ноќи над една обична реченица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)