незначителен прид.

незначителен (прид.)

Најголемата жртва за нив ѝ се чинеше незначителна, ситница...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стрикото Лентен беше единствениот обичен, незначителен човек што имаше таква сила над татенцето, Токму тоа, таква голема, чудесна моќ да го запре во најголемиот бес.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со незначителен интерес за пишување, тој се посветуваше без надеж дека нешто ќе заработи за опстанокот на своето семејство во егзил на старите нечитливи кадиски записи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Незначително чувство на забрзување. Мирисот на димот на хероинот е тежок и се задржува долго и веројатно не е ништо поразличен од мирисот на сулфурот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Широко е прифатено дека вештината на одгледување храна мора да се сочува, дури и ако фармерите само незначително придонесуваат за светиот грал наречен национален бруто- производ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ти си само еден, и дури и со помош од твоите пријатели, степенот на штета што можат да го направат индивидуи е незначителен во споредба со колективната штета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со воведувањето на оваа одредба, намерата беше да се спречи штетната транзициска практика, но реалните ефекти беа незначителни – бидејќи судиите се воздржуваа од изрекување на оваа казна којашто, според нивните мерила, беше сметана за „драконска“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овој незначителен случај беше брзо и лесно заборавен поради новогодишните расположенија во кои владее потрошувачкиот менталитет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Решија веднаш да дадат прилози за него, но успеаја да соберат сосема незначителна сума, зашто чиновниците без тоа веќе се беа истрошиле вложувајќи за портретот на директорот и претплатувајќи се за некоја книга, што им ја предложил началникот на одделението, кој му бил пријател на авторот, и така, сумата излезе сосема безвредна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Заемката која преживуваше во неколку балкански јазици, со мали и незначителни модификации кои се должеа повеќе на природата на новиот јазик, според Камилски, филозофски речено може да биде и pierre d` achoppement, камен на сопнување, односно повод за дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)