незаслужен прид.

незаслужен (прид.)

Ним им се случи та, да не можат да си дадат ответ пред жителите од околните населби кога за непрокопсаноста на Благуна ги прекоруваа: тие кои највисоко го вееја знамето против сите завојувачи, неми остануваа во таквите незаслужени напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со очи го повикал светот на светците и ги кревал рацете кон нив, сакал да ја одбие од себе незаслужената среќа тој да го уништи чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што е претпоставувачки и дека: - пријателот - црнец на гл. јунак е или судија, или шеф на полиција или партнер - детектив и често погоден од злосторничкиот куршум (се разбира, незаслужено) умира во прегратката на својот другар; - кога јунакот (со неговиот пријател - црнец) го паркира својот автомобил каде било, на пр. во преполнетиот Њујорк, секогаш има слободно место;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
У Канада прасето не е „свето“ животно као кај нас и тој ловоров венец (незаслужено) го носат говедото и птичурините.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Љубов незаслужена, далечна, недостижна, некаде осамена, заробена, љубов скриена, предадена, замрзната, избледена, засекогаш изгубена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)