незаобиколен прид.

незаобиколен (прид.)

Од улиците и клупските простори, па до стадионите, врвовите на Billboard-овите топ листи и екслузивните модни ревии, на кои Ралпх Лаурен-овите манекенки ги покриваат своите аргументи со широки, карирани, фланелски кошули и со вештачки изветвениот jeans, grunge е незаобиколен термин и пожелна декларација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Зборуваше потоа, како навиен, за незаобилколната улога на Партијата во ликвидацијата на домашните и странските непријатели, за нивната спрега.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Темата за душата беше честа и незаобиколна во семејствата со трајна бегалска судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Книгата на Флобер стана нивна незаобиколна парадигма.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)