незадоволен прид.

незадоволен (прид.)

Во луѓето со такви убедувања, како и сите Македонци незадоволни од пропагандите ќе биде во прво време силата на новото течење. Но така ќе биде само во почетокот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Незадоволните од втората до Востанието беа повеќе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарите беа незадоволни од руската политика во последно време, особено поради прашањето за ракополагањето на Фирмилијана66a а и за македонското востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Незадоволен од самиот себе, не можеше да биде задоволен и од другите!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поетично се изживуваш, животно, стануваше незадоволен од себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И си одам уште вечерва, си одам уште веднаш само да побегнам колку што се може побрзо и подалеку... - се истурија како порој зборовите на една незадоволна младост, расната сред кипнатиот живот на големиот град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја сети таа далечна шега; таа му помина како незадоволна потсмешка со некоја невкусност, но за него сега беше многу поважно што можеше со сигурност да знае дека одамна навлегол во втората половина од таа бескрајна угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тух! - некој незадоволно ќе потшушнеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повремено нешто наоѓаа и го задржуваа или незадоволни го фрлаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Друго време, други луѓе се, - имаше обичај да се теши старецот, свесен, иако незадоволен, дека син му има право.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Фрлајќи уште еден незадоволен поглед кон својот лик, ја отвора славината. Ги измива рацете.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Татенцето незадоволно ја нишаше главата, воопшто беше незадоволен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ништо не ѝ реков. Незадоволен, си легнав без да барам од неа да ми раскажува приказна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Големото стакло полов акт никогаш не се случил. Невестата останала незадоволена, т.е. извисена.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
-Овде, чесно речено, лежи просто лудак - соопштува тој со незадоволен тон - но лудак, знаете ли, со здив на гнилеж; сакам да кажам дека одеднаш не можеш да разбереш дали тој навистина е лудак, или е, што би се рекло, премногу „префриган“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Незадоволен сум и огорчен од начинот на кој се применуваат електрошоковите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во текот на овој период станува незадоволен од сопствениот пристап во Трактатот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еден начин да се излезе накрај со тој проблем е субјектот бесконечно да оди од еден објект до друг, секогаш останувајќи незадоволен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Психоанализата ја поврзува анорексијата со хистеричното барање желбата да остане незадоволена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе