недоучен прид.

недоучен (прид.)

Шампионот брчеше од грло, искинато и зло, беше недоучена труба: „Татко ми чуваше пчели и умре од нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој, натрапникот, во очите на велеграѓаните останува непоправлив примитивец, недоучен провинцијалец кој на темни костуми со кравата навлекува бели чорапи претворајќи се себеси во припадник на племето white socks, како што го прекрстува метрополскиот сленг.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Колку и да се пластеа подоцна во мојата свест албанскиот мајчин јазик, македонскиот јазик на моето школување во Македонија со другите јазици како и српско-хрватскиот, бугарскиот, па францускиот, италјанскиот, германскиот, другите јазици на моето школување, остана жив засекогаш бабиниот аманет од заборавениот турски јазик, бабината синтагма а kapi, во која како да беа содржани пораките на сите учени и недоучени јазици!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најде еден недоучен, од Бапчор ќе да беше, кој се нафати нов јазик да твори со лепенки од рускиот и најмногу од бугарскиот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се досега пред себе ја гледаше само онаа замислена прекрасна иднина која длабоко му ја беа вкорениле недоучените партиски секретари и ете, сега, со очај во очите, го гледа безизлезот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)