недостоен прид.

недостоен (прид.)

Да, не од недостојна смрт... За насилнички дела отплатник беше, знаејќи да одмазди смртно за својата дружина цела, голем страв сегде ширејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби ќе помисли дека го сметам за недостоен таа слика да стои над неговиот кревет.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од тоа, да се биде најдоверлив Максимов човек, се нема никаква полза, само повеќе работа и повеќе грижи од другите, но не знае што ќе си стори и не знае што ќе стори друго, засигурно ќе го отепа Хаџи Ташку, ако му рече Максим дека се покажал недостоен и затоа го откажува од старешинството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рецензијата, го измазнив гласот, што ќе се обидам да ја напишам: ќе биде само недостоен, блед одглас на суптилната вредност на неговото дело.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Прашаа дали сум пуштил едно ливче во класот во кое сум ја нарекол Луција со недостојно име.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакав да ѝ приредам изненадување, уште еднаш недостојно поигрувајќи се со големата љубов на родителот, небаре тој е должен тоа да го поднесува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој седеше на чардакот од сарајот што го доби во тврдината, и опулот, наместо кон небото, ги пребројуваше катните и покривните греди, небаре недостоен да се насладува од синевината.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Добре писар, недостоен роб на Христа бога, на огнот вечен роб.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да бидам искрен, го насетив парадоксот и добив желба да направам - и јас, недостоен раб Божји - свиден и битен пресврт што сликарски, што духовен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Не биди смешен - му вели некој внатрешен глас - нема никаква шанса, а бараниот потез е измамен потез, една обична бесмислица, глупост една, недостојна за тебе.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Брзо заборави кој беше до вчера пичкин прапорец без вода у очи продаде нивите се курчиш над волан ти ебам племето недостојно за почит
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Само што фрли поглед кон мене допрев до твојата мувлосана душа и можеби изгледа немилосрдно во неа сакав да направам масакр Велиш дека сум недостоен за тебе конечно за нешто да бидеш во право влегов во твојата самобендисана душа и сакав безмилосно да направам масакр Се плашиш од смртта ко ѓавол од темјан но не знаеш дека си одамна мртов го чуствував твојот трулеж одвнатре и повторно сакав да направам масакр
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Раскрварен, јаден да биде се трудат разединет, газен од изроди свои проклетници, ѕверови недостојно му судат свој кога те гази најмногу боли
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сметав дека тактика на прикривање би ми била недостојна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)