недефиниран прид.

недефиниран (прид.)

И во моментот кога бев, мерено со микрони, сосем близу целта, одеднаш отпозади, за околу вратникот перверзно ме зграпчи некоја недефинрана сирова атмосферска сила, ме издигна од столицата и едновремено влакнестата горилска шепа ме лансира меѓу ѕвездите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И капата на грофот, од оние што се ставаат на глава со цел да се размислува, и големата како планина, величенствено извезена наметка, неизбришливо ја дефинираат опремата на волшебникот којашто останала недефинирана во Шекспировата драма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имаше обичај да ги поднаместува очилата на носот, што беше необично обезоружувачки - на некој недефиниран начин необично цивилизирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што заспа, така се најде на некој отворен, недефиниран простор, во една колку парадоксална толку и апсурдна ситуација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Смртните пресуди и недефинираниот став на ЦК на БРП во однос на прашањето за вооружена борба имале негативен одраз врз развитокот на партизанското движење во делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште ја памети вечерта кога ѝ беше пришол и начинот што го беше применил за да ја освои! (Инаку, на ова приоѓање му претходеа приличен број денови на приближување, на загатнување, на искажување некои недефинирани чувства).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Недефинираниот шум, кој суптилно, но сигурно, ми ги растројуваше нервите кои беа оневозможени да се посветат на дневните обврски, најмногу ме потсетуваше на ѕвекот од топче за пинг-понг, кое непрестајно, во точни временски интервали удираше по некој предмет и се одбиваше од него.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Грција дотогаш, а и сега ништо помалку, за мене беше недефинирана земја.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Широко отворени и со недефиниран поглед.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)