невреме ср.

невреме (ср.)

И навистина, чупите Ѓуро ги омажи уште со невреме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш заминуваше и секогаш се враќаше пак празен, или врзан, секогаш во невреме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму, како да му се опират на невремето, цветаат хризантемите. Ѝ велам на Билјана: - А хризантемите, а?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште наредниот ден по невремето ги пронајдоа однесените шатори во коријата спроти Рамни Ливади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Бојане, дедо Димо! Помош! Помош! - се надвикуваа со татнежот на невремето, беспомошни, престрашени викови откај шаторите на археолозите! - Леле! Отидоа шаторите!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој брзо исече едно парче платно од шаторот што беше повеќе искинат во невремето, пронајде две убави, еднакво цврсти ластегарки, па од платното и од нив направи носилка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Стој, кај одиш ти овдека во невреме? — го задржа и го поттурна назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По нивниот сјај, местоположба, големина и движење, дознаваше и претскажуваше: идење на болести, чари, скапии, невремиња, глад, војни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И не знаеш од кај иде така: од невремето или од бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војно време, - невреме. Ба му ја кој го има.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го затекна невремето на пазарот: ни за ваму, ни за таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледаше во невреме да не се најде в поле или в планина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Долго по него, тука наоколу, се расфрлаа неговите коски, но и нив земјата, невремето, ѕверовите и последната Голема војна сосема ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А вечерта, на срецелото, со главите на другите домаќинства, по долги меѓусебни разговори и откако врз основа на долгогодишни искуства ќе ги утврдеа временските прилики, сигурно дека и ова лето нема да ги изненади со невреме, ја прогласуваа жетвата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само да не сум дошол во невреме?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се зачу орелот, заграка гавранот, и најпосле, слетувајќи на нивните раце со ѕунење, како шум од невреме на некое сеуште неродено лето, притоа правејќи го последното свртување и воздишка, се огласи соколот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Срамота е да ги оставиме надвор по вакво невреме! му го слушнаа гласот токму кога се префрли во темницата на влезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Инаку, во нашето село беше многу весело, имавме две групи свирачи, секоја недела имавме игранка, а кога беше невреме игравме во училиштето и сега ми се чини дека моето тогашно младешко време не би го дала за сегашните млади.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дали писателката ќе дојде по вакво време - невреме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе