невидлив прид.

невидлив (прид.)

За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ, невидлив бој ти водејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Професорот по цртање одеше помеѓу клупите од еден на друг, нѐ влечеше за коси, сееше со прстите нешто невидливо и се лутеше. - Што, ова да е кралот? Дибеци едни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Најпосле болно застенка набаре нечија невидлива рака му го стисна грлото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Врз едно невидливо катче од езерото, како непозната трпка врз телото, помина бледо, лесно разбранување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Невидливиот пат е копнежот залутан во празната исполнетост на темнината.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Невидливата смрт се доближуваше од мрачното небо а тој не можеше да ја прекине операцијата и им веруваше на своите раце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се движеа како по невидливи виолински жици. За еден акорд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Невидливите гавраништа, разбушавени црни старци со злобни челични очи, закрескаа од негде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И затоа сега гледајќи го јадрото, око, тој се растажи, просто некој невидлив товар му падна на плешки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не гледаше, знаеше дека војникот има млако исфрлена, скоро невидлива оцртана брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И, како да сум и самиот невидлив, се фаќам за дебелото јаже и се качувам по него кон магли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му се чинеше дека невидливи пили ги стружат жиците на неговите сетила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Појде по нив како мачка со скршена нога. „Јасно“, шепна претпазливо и сфати дека неговиот шепот се разбива од нешто невидливо што го делеше од тие сенки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред очите му играше езерото, како да беше големо, бескрајно платно по кое друг, невидлив сликар постојано поминува со својата четка, му ги менува боите и дава сѐ понови и поубави тонови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сеќавање за едно излегување. Блештат канделабри. Невидливи звучници пренесуваат пријатни мелодии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој го следи идниот дијалог меѓу Младичот и Фезлиев затскриен зад неа и невидлив за нив, но сето време со револверот в рака и готов да стапи во акција.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе