неверство ср.

неверство (ср.)

Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нема да има богат семеен живот, нема брачни неверства на работа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но сега веќе беше доцна за помирување и љубов; јас бев преплашен од Луција и од нејзиното тело, таа беше повредена, јас гневен за нејзиното неверство, таа гневна на мојата одглумена сексуална рамнодушност, и конечно јас бев до срж унижен со тоа што песнарката се најде во рацете на Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што разговорот што го слушнав и светлината што ја гледав она попладне кога се откри неверството на Луција во џипот, во тоа сум убеден, не беа исечоци од мојот живот, туку од некој друг; тие, тоа попладне не ми припаѓаа мене, по истиот начин како што не ми припаѓаше ни телото на Луција онаа ноќ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зашто започне ли неверството саможивата фатаморгана отцепувањето на душата од обликот го отне ли меморијата својот демонски вртлог во тебе можеби ќе се пресели, божем привид птицата која се успива врз крстот на бескрајот далеку од дното за коешто залудноста нѐ приковува како за живот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да не очајував кога бев дете, неверството на Рајнер ќе беше само краткотрајна болка, нешто на што ќе му го завртев грбот и ќе заминев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзиниот поглед беше рамнодушен и сосема наивен, но Даниел во нејзините очи виде знаење и сожалување и сиот ентериер одеднаш стана жртва на неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неверството на Рајнер го преживуваше она девојче кое на почетокот од сеќавањата кои ги нарекуваше свој живот ја имаше болката, нешто како капење крв од скриена рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој можеше да поверува дека таа испливала од сините морски длабочини - зашто во неа имаше нешто што го имаа сирените, имаше нешто подводно во целата нејзина појава - како да дошла од длабините на некој злокобен свет за да го намами и да го изневери, и откако го направи тоа, сега сакаше тој да го изеде тоа неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа сакаше тој да ги изеде, таа сакаше неговиот метаболизам да го преработи неверството во неговиот систем, така што неговото тело ќе може да го апсорбира тоа неверство и да живее со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во ноќта спроти коледе сега покрај кладите од огревно дрво се распламтуваат желбите на ороводците и играорците, со топла ракија и варено вино се подгреваат стари неверства и нови мераци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Змејко отиде да изврши неверство.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Никој немаше да знае, но неверството ќе лебдеше во воздухот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)