неброено прил.
неброен прид.

неброено (прил.)

Веќе се дени, а јас неброено пати од постелата до прозорецот, и одново до постелата и одново до прозорецот, сѐ дури сам себеси не се фатиш за гуша и не се обзираш што крикнуваш: твојот крик како секавица ја преполовува ноќта и ти којзнае по кој пат осознаваш дека без себеси не се може.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Уште еднаш се пребара по џебовите, но индексот го немаше, освен ако не беше на некое трето, дотогаш неброено место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие исти зборови, на различни простори, ги повторуваат неброено многу луѓе низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие исти зборови, на различни простори и во разни времиња ги повторуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа исто прашање на сосема друго место го поставува некој друг човек, тоа исто прашање во некое друго време го поставува некој трет човек, тоа исто прашање на различни простори и низ разни времиња го поставуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)