неарен прид.

неарен (прид.)

- Јас сум неарен, велам, ништо не знам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука секој него го знае за неарен човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Милост, кердос имало, та му остана барем синот, неарен и сотрен од срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Можеби и се сеќавале за неарни мисли, зашто грев е и грешно да мислиш... Ех, душа човечка, низ какви сè темни вилаети поминува! ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)