најодзади прил.

најодзади (прил.)

МАРА: Ами како! Локај, локај и најодзади и некоја шамата направи...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како тек, најодзади беше врзан Стојан за Анѓа. потоа ги врзаа двојките една за друга со друг синџир на по метар растојание, така што врзаните можеа да одат два метра еден по друг во должина и еден метар во ширина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Самата ни раскажуваше – бидејќи јас бев убава девојка, дедо ти Тасе испраќаше повеќепати стројници и најодзади моите ме свршија за него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)