најмал прид.
најмалку прил.

најмал (прид.)

Трети ќе најдат оти јас проповедувам некаква надеж за поправување на Турците спроти нас и на европските реформи во нашата татковина, кога досега јасно било докажано оти ни Турција сакала, сака и ќе сака реформи во Македонија, ни големите држави се наклонети да ја принудат Турција за да ни даде некакви, па и најмали реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слободата ја добија Бугарите со најмали жртви и усилби; неа им ја подарија Русите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Задружна работа е возможна само во најмали реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и ѝ викна на Митра: — Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Третиот, најмалиот наврте дури на 8 кила. Знае спаијата оти така ќе излезе и прави сметка колку ќе биде просечно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само седеше стуткан, неспособен ни за едно најмало движење и чекаше да биде што ќе даде господ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веле слушаше напрегнато. Тој сѐ се надеваше дека ќе чуе некој макар и најмал одглас, којшто ќе му го стопли срцето, но... вистината беше жестока.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еден збор, еден поглед, најмала ситница можат понекогаш да предизвикаат бура во нашата душа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А малото маче - шареноглавче имало малку незгоден карактер, писнувало и при најмалка болка и претерувало во тоа свое пискање. А било и инаетливо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Без ни најмала надеж дека ќе најде работа, тој очајно повтори, сега повеќе за себеси: - Утре си одам, си одам - каде ќе гледаат очи!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше како некој застојан, заборавен во некоја долина од ноќта, откинат прамен магла, со кого си игра, искончувајќи го, и најмалата разнишканост на воздухот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најмалите од Сибир и најмалите Ескими од некој глечерен рид ловеле за Чук Нам риби - Ескимите му фатиле и кит.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тоа беше мала пушка, најмала што воопшто Бојан имаше видено.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Без да покажат и најмала тревога, гостите се запатија кон Тодоровата куќа, која сега не беше на крајот, како дедо Волчевата, туку токму на сретсело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Понекогаш се плашев да не ги заборавам нејзините црти, или и најмала подробност поврзана со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како раритет, во Бриж ни го покажаа и најмалиот прозорец во градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Статистичарите забележале дека зеленилото на овој парк му го даваат 6.000 иглолисни дрвја на големата шума во паркот која е култивирана, испресечена со патеки, во кои софијанецот и обичниот патник, во пеколно жешките дни, можат да се освежат и одморат, а најмалите софијанци да се наиграат зашто тој е начичкан со детски игралишта...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И навистина, човек што првпат стапува во овој град, веќе има за него определен критериум и бара да види во нег оповеќе отколку во другите градови и многу тешко му паѓа ако претрпи и најмали разочарувања од било каква глетка или панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе