нафаќа св.
нафати св.

нафаќа (св.)

Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпосле станал една силна мажетина и рекол: - Јас се нафаќам да го победам џинот и да го ослободам изворот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сигурно е тешко довлекувањето материјал до таму горе, си велев, ама по сѐ изгледа тој се нафаќа и на друга работа долу во Црноеч, знаејќи дека оваа не му бега.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)