наугоре прил.

наугоре (прил.)

Откога се изнајале сите арно убаво од жаби, се дало заповед од Аџијата и сите летнале и се извишиле наугоре дури до облаци.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
2. АКО ПРВИН НЕ СВЕТНЕ, НЕМА НИ ДА ГРМНЕ - погледнуваме наугоре во ведрото небе, во меѓувреме земјата одоздола ќе дрмне и без гром, без молња ќе се искаже себе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А низ село, кокошки разбегуваат околу мене, подлетнуваат, кракаат и пердуви им се креваат наугоре и прав се крева наугоре, а јас само трчам и пак си мислам дека соништата не кажуваат ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога пак се појави мајка му на Ташко, срипавме и колку можевме се доближивме до пред зградата, загледани наугоре.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Премалена си од нејадење и од искачување наугоре. Секоја ден одиш... чекаш... се враќаш нажалена. Пердувче си се сторила... Ајде касни ! Од што сакаш - касни.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ама душичево не зборува. Тежок товар носеше наугоре...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потоа Ѕвезда во крпа му завитка леб, му подаде и тргнаа наугоре.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)