натрупа св.

натрупа (св.)

Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Натрупа неброена пара. Купи чифлиг во Преспа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Широко ја отвори вратничката, што беше натрупана високо со снегот однадвор и не мораше да се оддалечува многу за да подзастане и да гледа како мочката пробива црвеникава инкаста дупка во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа тој сега тивко се приближуваше до едно чамово стебло, што стоеше на дваесетина чекори лево од дирата, в очи на оние лески и стеблото му беше сѐ поблиску, сето црно и со својот вечен ореол од густа миризба на смола, не смирена ни под тој висок снег, натрупан над неговите виснати гранки, со дебели, крстатни чикери иглички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А елките беа натрупани на куп. Згмечени. Кални.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од високиот снег, натрупан при расчистувањето на пртта, тој и не можеше ништо да види.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мириса на снег. Ако натрупа ноќеска утре не ќе можам да си појдам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но во последниве денови снегот толку се натрупа, што ниедно од говедата веќе не се решаваше да загази во таа белина што ги сплеткува нозете, што заробува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако ќе ја сместев Ели во нејзиното креветче, заградено од страните со високи мрежи, и ќе ја натрупав со сите играчки, се зафаќав со приготвување на уроците.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Честопати ние возрасните, ние родителите за глава се фаќаме кога ќе ни се натрупаат такви грижи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А дрва нема ни кој да ми набере, ни кој да ми натрупи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сѐ повеќе нечистиот започнува да владее со вас, луѓе... Многу пороци и неприлежности се натрупале во вас: злоба, блуд, похота, кражби, лакомија, грев, дволичност, лаги, клевети, лицемерие, хулење, омрази, алчност, прељуби и друга нечистотија...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зедов лопата и натрупав снег во висина од шеесет до седумдесет сантиметри, онолку колку што беше висок Стефан, внукот на мојот пријател.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исхак бег, како што си беше срчен и умен, си натрупа не само богатство, туку и подигна во своја слава колку верски градби, толку и неверски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имам и извештај за нечистотијата што се натрупува во коритото на Серава...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе натрупа снег и нема мрдање.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еднаш Марко Крале ја натрупа неа в торба и посегна да ја подигне барем до својата брада.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но ако не го сторите тоа, ако не се откажете од намерата да продолжите со потрагата, обезбедете си светлосен извор, веројатно петролејска ламба, или светилка на батерија, за совладување на пречките што времето ги натрупало по тесните ходници.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе