натколеница ж.

натколеница (ж.)

Тече оваа река по твоите натколеници нагоре и ако некојпат останеш без небо ќе израсне мостот повисоко од сите векови и пепелта твоја да ти се поклонува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој речиси чу како веднаш зад неговата нога, веднаш до неговата натколеница, просвире остриот заб на она виорно понесно самјачиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во моментот кога двајцата беа свесни еден за друг, Елефтерија ја крена раката од надколеницата на десната нога поткрената на столот пред неа и во која, меѓу двата прста, ја држеше цигарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Какви натколеници човеку! Какви потколеници човеку!
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Натколеница, колено, потколеница, стопало – што би се рекло, нога.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Сара започна да ги ослободува нозете од апаратите, ги отвори кај глуждовите, па кај листовите, кај колената, кај натколениците, кај бутовите, и потоа ги остави на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа што и Билјана додека го белела платното, а Ајше со пирајка ги млатела чергите на река (биле доволно стари и мажени за Климе и Реџеп) со белото месо на натколеницата која била намокрена, на случајниот минувач му била копнеж со години... и сликата на испуканата земја покрај босите нозе никогаш не му исчезнала од главата, а со неа и прашањето: „Кој бил најжеден - земјата исушена, жената распукана како лубеница со раскрачени бутови, или... тој?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)