натечен прид.
натече св.

натечен (прид.)

Се сети на нејзините меки усни натечени и солени од солзи и почувствува дека крикот што расте во него ќе го разбие однатре... ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговите усни беа сиви и натечени кога му говорев за шумот на зрелата `рж и тој по секоја чаша ме тераше да те разголувам за него, сѐ додека со страшен удар не ќе му ја смачкав муцката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лицето му беше модро и натечено. Ги чувствуваше под јазик, расклатените заби и крвта засушена на врелите испукани усни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чувствуваше: натечените, крвави усни уште понесопирливо се тегнеа во насмевка, зашто мислеше, ова е крај. Марија број два, зошто липаш?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Почувствува дека крвавите и натечени усни тешко се развлекуваат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Месечината, натечена од една страна, се испилува од перјата на еден облак и поаѓа во агитација за топли човечки односи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крици. Од јаките заби на гусарите паѓаат натечените сабји.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сплесканиот профил од стара бакрена пара имаше натечена клепка. Како да беше наполнет со жива.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поминаа пет месеци. Од школо ми се врати син ми плаченичкум. Рацете посинати и натечени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ова изгледаше сосем марсовски, но, додека го цицав натечениот палец, помислив дека одамна не сум се забавувал, па зошто да не?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше изодел неколку километри по тротоарите и натечената вена на ногата му пулсираше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам натечени вени. Имам пет вештачки заби“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ до сега тој премногу се срамеше од своето бледо и спечурчено тело, со натечени вени и со обезбоено петно над глуждот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јане се загледа во неговите дебели и свиткани веѓи, а тој, лекарот, го одвива завојот, се загледа во посекотината, со прстите го допре натеченото место од бутот и почувствува нешто тврдо. Многузначно климна со глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некои имаат натечени очи од неспиење и плачење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаат натечени десни и кога ги допираат со јазикот, им се чини допираат навлажнет памук.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)