натепа св.

натепа (св.)

И така џенгот се свршил и штрковите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А анархист, државен непријател и јатак можеби и не е такво некое чудо заради што ќе ме натепа. Робијаш - чудо големо!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бино му одврати со две три и тука во „грчкиот" ан натепа еден „грчки" даскал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој маж не си а натепал жената та и мене Стојо?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вечерта мајка и ја праша како помина денеска, a брат и не заборави да и каже дека оној попов шебек често гледа во неа и дека тие со Јошка сакале да го натепаат на одморот ама таа, Неда ги искарала да не се караат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ти, неранимајко, ти непослушко, знаеш ли дека ќе те натепам толку убаво што ќе запомниш?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Натепај ме, убаво натепај ме! Само, те молам, зборувај ми. Не можам кога не ми зборуваш...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зашто Сламеното Мече може да си го земе в постела, може да му зборува, може да му нацрта вештачки солзи и мустаќи, може и да го натепа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој да може и ќе стане да ме натепа, ама не може.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Донеси и смокви, вели Григор, смокви имам да ја натепам и Бугарија и Германија и... и си го поткасува јазикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не можев, вели не можев за тепањето да му се жалам на оној што ме натепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нејзиното плачење го подземаат уште неколку извеани жени, а ние само се довикуваме и ги с'скаме: Дојди, натепај ме, вели една.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некоја мајка и ќе си го натепа, ако треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те натепав зашто нема вода со која ќе го измијам срамот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Го најдов и се сожалив, мислев вакво човече, момченце со брада и брчки, не знае што е грев и мислев дека не знае, кутриот, што му се случило, соблекле и го натепале зашто можеби се бранел со својот поснички крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)