натегне св.

натегне (св.)

Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но... облакот на безработицата и овде сосема натегна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Кој вели!? - рече Денко, па не чекајќи одговор го натегна грнчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Излегуваме пред бараките, а таму нѐ чека Рјазин, со натегната шубара до очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од урнатините, што некогаш беа заедничка куќа, српската страна го извлече сивото одело на комунизмот и го натегна врз својот претседател.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)