натамо прил.
натамошен прид.

натамо (прил.)

Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. — Проговори Толе и се ококори како човек кој си ја постигнал целта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како тогашен новобогаташ, Прокопија си го складираше првобитниот капитал грижливо и себично, но со јасна идеја дека ќе им послужи на синовите да идев натамо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)