наталожи св.

наталожи (св.)

Долго збораниот бес, наталожен во него, загина; остана само некоја тивка тага и самосожалување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На моите усни се фаќаше полека кора мраз. Во мене како да се наталожи олово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во нашите сетики има нешто останато, некои зборови, некои пораки, некои случки, сѐ е тоа наталожено во вашето памтење и кога тогаш може да ви послужи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не гледам наталожен нов живот, само стариот слој се подлижал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
-Тоа се наталожените наслојки на незадоволства, уцени, чувството на нерасположеност, отфрленост, инфериорност или, пак, искористеност, доживеани во раното детство, младост или подоцна, коишто оставиле силни траги врз нас – одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Не се работи за навика, нането чисти, таа мерудија каде што ќе помине, низ устата, стомакот, цревата, сето она што во текот на ноќта не работело, нането и солта го активираат, чистејки ги органите за варење, а пак лебот ги впива сите наталожени отрови. – веднаш имаше одговор баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако имаш искривено огледало, во него можеш да ја видиш таа сина линија, повлечена, наталожена точно врз горниот дел на видливите нешта, на нивниот хоризонт: како со широка четка, на која е нанесена сина боја, повлечена од рацете на уметникот врз платното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Целосно ја крена браната за да истече сиот пелин, чемер и јад што ѝ се беше наталожил во душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)