настрешница ж.

настрешница (ж.)

Се довлечка до настрешницата. Знаеше каде стојат чаевите на дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои настрешници веќе горат и многу војници бегаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прилужникот Геро ги зеде и ги поведе кон настрешницата од дрварникот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Една млада жена скокна од под една настрешница неколку чекори пред Винстон, грабна едно мало дете што си играше во баричката, го замота утарето околу него и скокна повторно назад и сето тоа во едно единствено движење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кепенците беа симнати, потпрени на сокакот, под настрешницата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гледаме карши во чардакот на комшиката Џун, скриена под ниската настрешница, којашто ѝ го покрива торзото до деветто колено.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)