насмеан прид.
насмее св.

насмеан (прид.)

Нема да си одам додека пак не се видиме. (излегува горд, весел и насмеан, но пред да излезе од кај вратата се обѕирнува, и дава бакнеж со рака и тогаш излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
План сеидбен, норма надфрлена, родно поле цело засеано, - алтан жито, вардарка пченица – весел народ - лице насмеано.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Уште од рано Деницата излезе јасна, како солза, и со своите искри разнесе на сите четири страни вест дека овој Велигден ќе биде насмеан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бил истиот оној дедо Геро: весел и насмеан, секогаш со кавалче на појас, крај кубурите со килибарни дршки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тие паметат како изгледала порано оваа обична главичка; голо, детски розикаво теме, со венец остра, црвена коса над малите уши, подвижно чело просечно со две вертикални, страшно густи веѓи, голем црвен нос, широка уста, модри насмеани усни, ќосава брада со снежнобела кожа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се исправи со стиснати тупаници за првпат го виде неговото лице со ниско чело умни, повеќе потсмешливи отколку насмеани очи и усни, што не беа калап за забите, ни мера, рамномерност, соодветност за женскиот нос и меката брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марија молчеше. „Сеедно“, остана насмеан агентот; зад дебелите непробојни стакла живо гореа очите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Насмеано му наздрави покажувајќи празна уста. „На здравје.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Црнецот има благи, детски насмеани очи; ако се бара, во нив ќе се најде љубов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во насмеаната уста недостасуваат два предни заба. Не од скорбут, од спорт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- А имаше лице како валчеста насмеана месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но во тој момент се зададе пак овчарот со насмеан сурат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
МАТЕЈ: Земи ножици, шишај. БОРИС: Сакам самиот да се шишаш. Со своја свест. МАТЕЈ: Насмеано и со песна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Двете ангелчиња на бел послужавник донесуваат бела облека и насмеани маска и му ги навлекуваат на св. Јован, додека Хорот пее.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Штом го изговори „откри ми се“, момчето, насмеано и победоносно скокна од јаболкото, од големиот црвен плод што за сето време стоеше пред нејзините очи, а кој таа не можеше да го види.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ангелите носат еднобразни насмеани маски.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Носи две маски, обете машки, едната насмеана, другата тажна. Ја задржува на себе тажната. Насмеаната ја фрла преку кесето со јаболките.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе