наполни св.

наполни (св.)

Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Приближало времето пак за кај нас да идат штрковите и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша кога дошол денот за да кинисаат за кај нас да идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АМПО: Море, ми ги наполни ракавите, куче кучешко! (Ѝ го дава бебенцето на Цонка.) На ти го, баба Цонке, доста го носев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Сиот ме направи жива вода! Ракавите ми ги наполни! Да не е и тоа адет, да не е и тоа ред?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Гледај побрзо пуштај пари да ја омажиме сестра ти, да одбереме едно гајле, оти еве и таа дваесет на Митровден ги наполни.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Дај му ти неколку низалки од овие на Анѓелина, наполни му една торба, инаку не се печалат пари...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ние ги наполнивме шкембињава и за нив не ни текнува! А и кравата ни остана немолзена. Пак ако се пушти телето да ја исцица!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беличот како да имаше однапред смислен одговор на ова неизбежно прашање. – Јас не бев тогаш дома, а него не го примиле. – Зошто? – Бил малечок. – Колку години имаш? – Кој, јас ли? – Ти. – На Петровден наполнив осумнаесет – излага Беличот. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Викна Коле Канинчето: „Еј другари, дрште се, уште малце ќе влезиме стреде в Македонија. Наполнете шмајзерите, запалете бумбите!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Се согласи. Ги наполни широките гради со воздух и брзо, без запир зареди: - Авганистан, Авива, Абеба, Акропол...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Поверував - полицаецот е наполнет со сено: стоеше вкочанет и ја слушаше расправијата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Старецот ја наполни чашката, ја истури некако рамно в грло и со дланка си ги избриша мустаќите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Карабуклијата и Петко ги наполнија лулињата; оној, селскиот гостин, стана, си зеде збогум — „седите со здравје" и двајцата пријатели останаа сами.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста го спреми девојчето дури Митра се промени, го наполни белиот ѓум топла вода, и ѝ го даде на Гуца Митрина да го носи до црква, та тргнаа трите „мили“ роднини за закон божи — в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Горе, внуче, наполни го пералникот вино, ќе плати поп Петко! — запален викна Пере, а Ѓоре го изнесе спремнатиот пералник со вино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го изми до светнување, го наполни со вода и испи едно шише, уште едно, уште едно, испи четири шишиња, пет – и најпосле дотера до десет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го зеде српот в раце и, готов да се ведне, рече: - Жено, оди наполни вода на кладенчето, па после да седнеме...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја размислил работата и една вечер, редницата ја тргнала софрата по вечерата, а тој го извадил ќесето со тутун, го наполнил лулето и му го подал и на синот: „Нà, запали“ – му рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се занесе, стана играчка од каучук, чие теме е наполнето со олово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му ја наполнив чашата. Се тргна; згрчените мускули на челото му се измазнија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе