напернат прид.

напернат (прид.)

Пред вратата стоеше важно напернат курирот што ги пушти внатре, по години не постар од Мечета.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Власта олицетворена во чиновништвото се држеше напернато, самоуверено, сосема издвоена, изолирана од другите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас сум Нероден Петко! Чувте ли вие, напернати глави!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А беше богата и писмена и тоа ја правеше наперната и осорна; беше и разгалена меѓу деветте сестри и единствениот брат, кој пак за несреќа, доведе за жена една божја бубалка, Паунка, од селото Булачани, која ѝ се плашеше толку на Тодора, што везден ѝ се тргаше од патот и ја направи оваа уште посурова.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Воздухот небаре се загадуваше од тоа тесто на подбив и напернатост, плитки смешки и срамен кикот, наменет за врзаните и нивниот разголен пол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)