напаствува несв.

напаствува (несв.)

Некои офицери ќе се опијанат и ќе одат по селата со војниците, ќе крадат, ќе земаат и ќе напаствуваат жени. Жените ќе се драскаат со војниците, ќе припискуваат. 139
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој не им се доближува, никој не ги напаствува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во неговиот 129 сон на праведник таа редовно го напаствува, затоа што е лудо вљубена во него.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)