наоружа св.
наоружан прид.

наоружа (св.)

- Треба да се организираме, да се наоружаме - продолжи Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Со што сте наоружани? - праша капетанот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво — толку поарно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На три четири дена пред Илинден, на тумбата Становица, над селото Жиово, се собраа прилепските војводи со своите чети да го направат планот за напад на мудурлакот во Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе се наоружаат и право во партизани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патем корнеа колје, претрчуваа до дома да земат кој вила кој пушка, жените ги грабнаа анџарите од готварниците, децата се наоружаа со бодежи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Свињата личи на слон, наоружена со закржлавени заби и рилка која е закржлавена сурла, со ситни очи помеѓу листовидните уши.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Мој витезу,“ рече со сјајни очи, „твојата госпоѓа те наоружува за борба.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ме викна командатот на баталјонот и ми рече: Милке, тебе ќе те преправиме во селанка, ќе те качиме на еден коњ, ќе го товариме со дрва и ќе одиш во Прилеп, божем продаваш дрва, за да видиш каде е непријателот и да се распрашаш со колку оружје се наоружани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но ние, надежните амбасадори, последните верници на самоуправна и неврзана Југославија (внатрешно одврзана) моравме да го кажуваме спротивното и да се наоружуваме со нужните дози југословенски идеализам и патриотизам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но со сигурност негов наследник ќе биде еден од оние десетина генерали кои на времето уште како матуранти, по силниот селективен избор на најдобрите, биле испратени на студии и специјализации во најелитните универзитети во САД и во други европски центри, да се наоружаат со знаење во повеќе дисциплини, во воените, безбедносните, разузнавачките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми треба пополнување. - Со вежбите завршивме. Остана да ги облечеме и да ги наоружаме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)