намќор м.
намќорест прид.

намќор (м.)

ТОМЧЕ: А мојот татко, поарно да го немам! Катил, намќор! Човек без душа, без срце!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во тие моменти Аргир не беше за него ни лош, ни намќор - а само мајстор, голем, прочуен мајстор, којшто го возбудуваше со секое свое движење, со секој поглед, со секоја соѕидана тула.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако, како и другите од тајфата, немаше ни еден добар збор за Аргира, сеќаваше дека нешто посилно од него го сврзува со тој секогаш наежен, стар човек, за кого што сите говореа: - Намќор, ни на живо се смее, ни на мртво плаче!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мрмореше, се муртеше, тој осаменик и намќор навредата на потсмешливиот поглед ја чувствуваше сетилно, како удар или шлаканица.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дедо Стефан беше еден намќор човек: никогаш не знаеше да се насмее и секој збор го изговараше налутено, гледајќи те попреку. Но правничен и добар човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Каде се оние двајца намќори да го видат како ужива, како се радува, како се смее? Би пукнале од мака...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прокопија беше тврд човек, намќор и скржав, син му – добродушен, зборлест и трошаџија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Едниот, дека не е намќор и накренат и дека е подготвен на милост; другиот никогаш да не заборави од каде произлегол и така да си ја најде мерата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ако таа може да задржи насмевка по онаква бурна биографија - кои сме па ние Македонците да бидеме намќори?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А ако набасаш на некоја намќорка допраша другиот Е ако е некоја смуртена лоша ќе ти биди болеста И уште ако не ја знаеш жената што ќе ти втрча со сонот Некоја нова и непозната болест ќе те довстасала Така велеше првиот толкувач на соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Далеку од тоа дека мајка ми беше намќор, напротив, беше позитивна и ведра жена додека не и потонаа сите бродови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Жирант Не биди намќор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
се уште сме на свадби распеани по свадбите намќори замрморени сал туку лелекаме по гробиштата па ги забораваме мртвите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Таа, намрштена, влегува во гардеробата како намќор и сѐ „испробава“, малку себе, малку фустаните, а најмногу неговите нерви.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Баксузот таков се родил, угурсузот е негова надградба, а се станува намќор во текот на годините.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цариник арач намќор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)