намрштен прид.
намрштено прил.

намрштен (прид.)

Покрај него стоеше Митре намрштен, нешто го давеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ајде излегујте да не печите таму како риби на жар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку сум намрштен што е доволно само да се поместам врз радијаторот, но не се поместувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Претседателот на Дисциплинската комисија не е пушач, има намрштено лице и видливо нестрплив поради што често го проверува времето на својот рачен часовник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Зошто го удри Томе? - праша Ане, малку подналутена и намрштена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бане беше вцрвен и намрштен: Јас молчев и чувствував некаква кривица дека можеби заради мене, за кого се заложи, тој ги губи своите нови чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа, намрштена, влегува во гардеробата како намќор и сѐ „испробава“, малку себе, малку фустаните, а најмногу неговите нерви.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од едната страна на масата седеа намрштениот Бертран и Изабел, а од другата јас и Патрик.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пред мене беше една намрштена жена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)