намисли св.
намисла ж.

намисли (св.)

Ко камшик од бога одненадеж Кузман се јави; намислил ужаси бојни . . . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Една, една нека биде. По неа в година ќе дојде друга, трета и така народот ќе се пробудуа по троа, по троа. Ногу убаво си намислила.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: Снагата нека ја јадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Жената се тргнува, сфаќа. Очајна е, знае: Тешко може да го одврати кога намисли тој нешто да направи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Напати намислувам да им се придружам јас, но Коле не ме остава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Намислил на децата да им го однесе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Што е тоа несогласни, море, туку кажувај да слушнеме и сите да поразмислиме — одговори еден за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, ние со Андона намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Илинден се собравме под сенките на старите дабови на црквата Свети Илија. Намислувавме за времињата крвави и горди.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го знам човекот: што ќе намисли и ќе направи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Никој од нас не знаеше што всушност бара Филозофот, оти молчалив беше и малкуглаголив, и упорен: она што ќе го намислеше го остваруваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Види како гордо се лелее неговата грива на ветрот, и како со смеслоста своја управува тој, не дозволува секој еден што ќе намисли, да му ги собори слободните движења!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Ти си решителен, му велеа тие, тоа што си го намислил е корисно и разумно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој беше сега опфатен само од една мисла, поправо речено од еден лош страв: некој сака да му ја земе Јана, некој го намислил тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)