намирисува несв.
намириса св.

намирисува (несв.)

КОТЕ: На жената секогаш треба носот да ѝ намирисува мажот што сака. Оти, мажот си е маж, не е жена!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Го намирисувам нискиот удар однапред... Се пазам одалеку...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Всушност, самата градба на храмот беше една чудесна хармонија која, штом ќе ја видиш, ти влегува во окото и однатре те осветлува. Да не зборуваме за живописот нарисуван од даровити раце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како на човека да му ја намирисува мислата во однос на животното.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Понекогаш како да намирисува нешто одбивно или загрижувачко.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како кутре кога намирисува коска итаме кон врвот и си мислиме дека не се гледа колку весело ни вртат опашките.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)