налета св.

налета (св.)

Татко му се фрла врз него и налетува на камата) Умри, умри кога повеќе ја цениш сопствената кожа од народната!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Љубомората налетуваше на мене со упоритоста и стихијата на разбеснети бранови кои ги рушат гранитните карпи и дробат на мали парчиња.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Слоновските бранови, незапоменети од времето на еден Нојо, налетуваа без милост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зар може да се види кој налетал врз сламарникот на убиениот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Надвор кучиштата лаат подивено и како да бркаат нешто налетуваат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вистина, место на крокодилот можев да налетам на некоја голема змија што може да голтне бивол, или можеше од зад некое дрво да ме пречека горило, но им ветив на црнците да ги ослободам од крокодилот и јас тоа морав да го сторам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
По мравките дојдоа ветрови; налетуваа, како луди коњаници му ја зашеметија главата на езерото, го збрлавија; потоа се нафрлија на селото, ги однесоа сламените покриви од плевните, ги кренаа послабите чатии и оџаци на куќите, ги орезија вратите, прозорците, ги испокршија дрвјата и спраштија некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ете, знаеше дека управата секојдневно војува со Кејтеновиот син и немаше изутрина тој прв кај него како изулавен да не налета, над неговото креветче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И така цел ден. Ноќта му налета Северецот, и се грабнаа. Ечеа ридовите и планините.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Истиот ден, во влезот на зградата налетав на дедо ми кој со својот нераздвоен другар од пензионерскиот клуб живо гестикулираше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Пукам во војниците што налетуваат ко улишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сестри... Но и без нејзиниот повик жените биле улиште што ќе истури брчење и лутина на отров врз неговата глава на која еднаш, како што можело да се поверува, веќе налетале куп оси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некаде пред земјотресот, кога Јана веќе наполни десет, таа налета на Лев, кој наведнат над оградата на Камениот мост, се џареше во Вардар.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Каква полза од тоа? Змејот налетува ниоткаде; не можеме да насетиме каде му е домот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Низ матните предели, полни со ноќта и небиднината, од самото срце на пустелијата, ветерот налета полн со прав од часовниците што користеа прав за да го покажуваат времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа бил прекрасен изговор за скитање низ шумата, дување на драчот и грицкање на цветови; токму тоа Брунила Вексли и правела кога налетала на вујко Ејнар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во последниот став на обредот играта е загубена ако Ана (ако Маргарита) ја фати врската Лињ д’Со или ако веднаш излезе на улица; веднаш, еве сега, бидејќи на таа станица и ги нема бескрајните ходници на коишто обично налетувам, туку скалите брзо водат кон целта, кон одредиштето како што велат во средствата на јавниот превоз, а на некои јазици - и кон судбината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Често и на девојчињата налетуваше со главата како бик, запрегнувајќи им ги фустанчињата и забанчињата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе