налегне св.

налегне (св.)

Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие што останаа живи ги налегнаа, ги изврзаа и заедно со жените и децата ги истераа од црквата, а неа откако ги извадија двајцата мртви сејмени, ја запалија со сите исклани селани во неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од кошарката излезе стара жена и писна да тажи, гледајќи го налегнат дедото во дворот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Змејко му налегна на јадењето, а од тоа не можеше да го одели вниманието ни сето врашко скокаркање на немирното срнче во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не стаса да забележи ни кога над сета Бела Долина налегна топлата темничина на ноќта: тоа го виде некогаш доцна, кога успеа со едно крајче сознание да дофати неколку закискани писоци на онаа проклета гладна дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А погледот им остануваше постојано заталкан и на самата граница на изгубеноста во тоа разресено и ниско стежнато небо, кое изгледаше исто како над шумата да беше налегнат некој со години нестриган овен со своето руно, под кое беше исто онака топло и заглушно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сивата боја на небото постепено се згуснуваше, облаците како да се спуштија пониско и веќе налегнуваа на најблиските височинки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака: — Аман ага, аман пашум, аман султанум! — пиштеше и се виткаше од ударите дедот Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурно лошо си лежела, вели, може да ти биле налегнати рацете, вели, може да ти слегла месечината на перница, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека Ѕвездана го гледам, велам, кога го налегна, кога силно му натежна болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами дали паметиш кога ги пеглавме кошулите со наседнување, со налегнување, ми вели Велјаница Пармакоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после, кога се побаравме, кога се дофативме: чекај, ми ја налегна ногата, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се уреваат, се истураат, сиот град го налегнуваат, го полнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куткај, куткај! Кај ќе ја втасаат жената, тука ќе ја налегнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се приближив убаво да видам и забележав дека гранките од грмушките во близината на коските се искршени, а тревата налегната.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Убеден си дека се непрегледни, а штом надојде ноќта: небото налегнува, ги обгрнува, ги запленува - и почвата, и водите – во внатрешноста на огромниот балон од ѕвездена сапуница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе