наклевети св.

наклевети (св.)

А потоа ме молеше да напишам граматика на говорниот ми јазик, што требаше да му ја испратам во Виена, а некои грчишта и Албанци од околните места на отечеството, подбуцнати од други, несправедливо го наклеветија дека украл книги, а вистината е дека неколку наши соотечественици на драго срце му подарија неколку книги...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега, за да се оправдаат за злоделото, можат нас да нѐ наклеветат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бев учител во Солун, меѓу нашите луѓе го ширев нашето славјанско писмо, но сега бегам оттаму, Фанариотите ме наклеветија дека сум ги бунтувал луѓето против султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Решија да го наклеветат кај логотетот, собитие непостоечко и грев непостоен да му измислат, во прв погоден час, и сите нивни сили, душата цела, ја впрегнаа како волови да сѐ, кон таа насока и цел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Асмата ни копа ни ора, ама е тука. Ме наклеветија. Ми подметнаа клевета, божем сум бил во врска со Австријците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И не го напушта прашањето за тоа, кој ли можеше да го наклевети. И не само тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)