накачи св.

накачи (св.)

Ги симна торбите со лебот, некое парче старо сирење, сол, лук и кромид и накачи горе Влајков Шопур да набере дрва, да не го тера празно магарето, бидејќи вејќи немаше во колибата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го крена погледот и гледа: се накачиле децата на плевната и низ една дупка одгоре му се смеат: - Уа-а-а-а-а, јатак...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој се насмеа, се поздрави со сите и со леки чекори се накачи кон подножјето на планината Пелистер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трајче го отсопна Дорча, го поведе за огламникот и сите тројца се накачија низ буковата корија...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе не требаше да седиме залепени до оградата: се накачивме на неа и прескокнавме во дворот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Околу мракот Ѓорѓија со тројца десетари пак накачи на колибите и во вечерната мугра гостите тргнаа кон селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја поминаа и Црна, та го фатија орманот и накачија горе на Голем Врв, над Груништа, каде преденуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие накачија, — го „презедоа“ речениот камен и се запатија кон самата чешма „Студена“, каде што денуваа вчера четите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Накачил еднаш црна Арапина, накачил горе трло Ѓурчиново: „Дајте, овчари, јагне печено, јагне печено, уште сугарче, пресна погача од невеста месена, вино црвено од три години, лута ракија - препеченица“. Овчари кротки сѐ му дадое.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се накачуваме, се извираме, сме станале сеништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лазиме и се бориме со угорницата. Накачивме во шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Накачуваат нагоре и врескаат, се закануваат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ја накачија стрмнината и кога излегоа до првиот видиковец - над нив блесна чисто небо - а под нив стежната сива магла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)