наизменичен прид.

наизменичен (прид.)

Откако ги изгледа двата лика наизменично, му рече на Арслан на каурски: – Погледај го ова лице, Арслан! – и му ја покажа Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се будеа во исто време со Бандо или наизменично.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Присебните трчаат на сите страни, ги прибираат во бараката, и така наизменично, помагајќи си, многу од нив го дочекуваат својот суден ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа гласот наизменично редеше песни и ги галатеше сите Турци, а најмногу него, дури може да се рече дека само него, Арслан бег; го набедуваше дека тој, Арслан бег, со дружината ги исклал Акиноските и го повикуваше на мегдан - ако е јунак, како што се прикажувало за него, и ако му јади газот стодрам барут.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сета врска ја сведовме на инстинкт, со наизменични периоди на сладострасност и ’ржење.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Раздалеченоста како маниристичко средство и знак за сублимација често дејствието на долгометражните филмови на Гринавеј го одвојуваше од поширокото прифаќање на гледачот, од вообичаената наизменична смена на психолошки убедливите кадрови кои осигуруваат непосредност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од двете гнезда на балконскиот плафон наизменично паѓаа две-три мали непркнати, непролетани ластовички.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Телото како поле на еротската желба и сексуалната надразба, би било наизменично обземано со промените на сонот и оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Низ целата оваа фраза, отменоста и простотијата наизменично се сугерирани, потенцирајќи се меѓусебно низ спротивност, исмејувајќи се со сарказам и простотија, и таа двократна димензија се однесува на амбивалентната перспектива на спиралната оптика на филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пилотот во овој случај се чувствува втопен и потполно присутен во еден виртуелен свет, којшто наизменично се поврзува со реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, не е помала уште една заслуга на авторот, радо би рекле писателот (текстот обилува со волшепства), успешно и наизменично да се проигрува со неизбришливите емоции од детството, како со провоцирана индигнација на тоталитарната отуѓеност на извесен политички режим.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Долу, на нивото на улицата друг постер, одлепен на едниот агол, се мавташе повремено на ветрот, наизменично покривајќи го и откривајќи го единствениот збор АНГСОЦ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше дека не постои час од денот кога таа не маршира помеѓу коритото и жицата за сушење алишта, наизменично полнејќи ја устата со штипки и пеејќи од срце страсни песни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жената неуморно маршираше горе-долу, наизменично затнувајќи си ја и одзатнувајќи устата со штипки, пеејќи и замолчувајќи и закачувајќи уште пелени, и уште, и уште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа ме испрашуваа наизменично, и јас не знам кој за што ме прашуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И така наизменично, во еден ритам. Тоа ми се чини издржливо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наизменичните монолози или секвенци се само разнобојни каменчиња што го надополнуваат и градат мозаикот на приказнава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе