нажален прид.

нажален (прид.)

За награда ние од Стан го донесовме син ти, толку нажалени сите: да не биде храна на птиците грабливи, нити плен да им стане на пците.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Немој да плачеш, - ми рече Коле и ме стисна нажалено кон себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зар уште сакаат да оставаат сирачиња, - се јавува мајка ми со нажален глас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Шишман нажалено го погледна. - Не зборувај така, - молежливо му рече. Србин не одговори.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се правеше дека не забележува со каков нажален поглед гледа нејзиниот миленик низ прозорецот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Знам, тој се преправаше божем ми верува дека сум нажален заради заминувањето на баба, иако добро знаеше дека многу сакам барем малку да сум си сам, да се грижам за себе како и моите другари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не можам да бидам нажален.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше поканет на Утринската ТВ програма, но таму го интервјуираа заедно со двајца нажалени родители, кои беа убедени дека нивниот син се самоубил затоа што користел Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го видел. Можеби навистинаа го видел својот нажален демон.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Палаво човече, нели, а сепак спремно да плаче заедно со секој нажален.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Е па сега, да те прашам и друго“, рече бегот пак нажалено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марин Крусиќ нажалено кимна: „Ти го рече тоа”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Гледаш, го слават новиот муслиман!“ се насмевна нажалено Гази-баба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали дека на него се обрати случајно погледот на жената што бараше објаснение, а сега го потсилува тоа усмевот на онаа падната мазилка што, сигурно поради посилната светлина во салата, и самиот станува поизразит пред неговите очи, се пренесува преку цртежите на ѕидот, како да му е тука местото, како да не е ова изложбена сала ами кујничето во кое сега жената и детето нажалени ќе се вратат, да заборават уште една ситна болка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Премалена си од нејадење и од искачување наугоре. Секоја ден одиш... чекаш... се враќаш нажалена. Пердувче си се сторила... Ајде касни ! Од што сакаш - касни.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)