надмудри св.

надмудри (св.)

Нека пукнат ѓаволите и боговите, јас ќе ги надмудрам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А, ако му е нешто тешко, е-е, ќе најде тој итрец начин да ги надмудри!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Метуш Батковец утрово испече леб за мене. Таа плоча од 'рж ни со секира не се сече. Гледаш ли, Онисифор Мечкојад ги надмудри.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се надвикувавме, се надмудрувавме, готови бевме дури и да се скараме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Набргу сите разбраа дека Чанга ги надмудрил републичките и федералните стратези кои го подготвуваа судскиот процес на деценијата во јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немаше човек да не го познаваше Чанга. Тој имаше остар и непредвидлив ум, не беше лесно некој да го надмудри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сепак, индикацијата ESQUIVONS - “да избегаме мудро и со презир” - ќе ја надмудри таа перверзна привлечност, било да е таа телесна или естетска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лисицата го надмудрила гавранот и тој, за да се пофали колку убаво пее, го испуштил од клунот својот залак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тоа долго надмудрување ќе ги сослушам па дури и ќе ги прифатам сите нејзини непотполни дури и нејасни причини и притоа ќе останам мирен но отсутен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Жаби, гуштери и змии се војваа низ него, а горе, во крошните со подгорени лисја, се надмудруваа секакви птици.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Не вревете, Атињани“4 јавните места, амфитеатрите и пантеоните ги имате за провод и лесен живот за парење и галење слугите не се за отфрлање ни робовите, млади и помлади не сте вие, граѓани од неслобода засегнати од немаштија и немоќ, напротив вие гласате, беседите, мезетите вие освојувате и патувате наследувате и ќарите мажи многубожни и безбожни дури време е, скрасете се доста пребиравте меѓу реториката и политиката меѓу мантиката и математиката во вештини, о самољуби, доста се огледувавте се наттрчувавте и надмудрувавте заговаравте и преговаравте недоветни доста се правевте: сиромашните се собираат по плоштадите агорите и аулите првин тивки и потем бучни првин слаби потем силни првин малку потем многу!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Римскиот одметник успешно ги надмудрил и победил со своите римски војски, сѐ додека не бил заробен ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се појавиле и нови дедовци со нови аманети, а секој од нив сакал да го надмудри својот другар.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)